Thursday, December 10, 2015

МАКЕДОНСКИ ХИП ХОП ГРУПИ

МАКЕДОНСКИ ХИП ХОП ГРУПИ



  • С.А.Ф.

Групата “САФ” е формирана 1993 во состав Смилен Димитров, Гоце Трпков и Митко Гаштаровски. Во почетоците, активно работат на нивниот демо материјал, со што веднаш се вбројуваат меѓу првите демо рап групи коишто се претставуваат на музичкото радио “Канал 103”, на специјализираната емисија за хип-хоп “Црна Хроника”. Од 1993 до 1996 работат како демо група. Во 1996 година ја остваруваат нивната прва студиска снимка насловена како “Мис Стон” во студиото “Cyberspace”. Снимката остварува голем успех на топ листата, формирана од гласови на публиката, на емисијата “Розе Кадилак” на Канал 103 на Македонското Радио, каде долго време останува на првото место. Истото се случува и со следните две студиски остварувања: “Стиховна гимнастика” и “Фатаморгана”. Групата “САФ”, покрај студиската работа, работи и на своите настапи во живо. Прв јавен настап е на 26 јануари 1996 година, во Битола, на “No Drugs” фестивалот, на кој, покрај домашни, настапуваат и групи од соседните земји. Следува фестивалот “Future Sound of Skopje” на 1 мај истата година во клубот “Дали”, на кој настапуваат позначајни имиња од македонската електронска сцена. Во 1997 година, групата “САФ” ја има честа да настапува на отворањето на “Скопско Лето 97”, на кој исто така настапуваат реномирани групи, како од домашната, така и од странската сцена. Понатаму, во октомври, доаѓа до настапот во организација на “Канал 103” по повод 103-тото издание на емисија “Crossroads” во студиото М1 на Македонската Телевизија. Следува настапот на фестивалот “Tribal Gathering III” на 12.12.1997 во дискотеката “Парк”, повторно од ревијален карактер со цел презентација на македонската електронска сцена. Меѓу поинтересните и позначајните настапи се издвојува заедничкиот концерт со француската хип-хоп група “Monsieur Zoo” по повод деновите на франкофонијата во Македонија, во организација на Францускиот Културен Центар во Скопје, одржан во март 1998 година. 
На 1 јуни 1998 доаѓа до најзначајниот и најконтроверзен концерт на групата “САФ” - прв целовечерен концерт на групата, кој воедно е и снимен од камерите на Македонската Телевизија, но кој сeуште не е емитуван поради предизборната атмосфера во Република Македонија во тоа време, најверојатно заради политичкиот призвук во песната “Скопска Ситуација”.Истата песна е објавена во реномираниот неделник “Форум” за време на целата контроверза околу настапот и неговото цензурирање. Нивната концертна активност продолжува на 7 јуни , каде настапуваат на финалето на кошаркарскиот “Adidas Streetball Chalenge” турнир во Скопје.  Последен настап е за кампањата на МЦМС за промоција на толеранцијата, “Цело е кога има се”, одржан на 1 јули 1999 година. Активностите на членовите на групата “САФ” ги надминуваат вообичаените концепти на чисто продукциски и концертен ангажман на една музичка група. Во 1996 година, во дебармаалскиот клуб “Pony”, во организација на Митко Гаштаровски, се случуваат првите континуирани хип-хоп забави во Македонија, кои непрекидно се одржуваат секоја сабота за целиот тек на 1996 и 1997 година, во кои, исто така, за првпат се презентира и практикува “freestyle” стилот на рецитирање во живо. Во 1997 година, групата ја започнува првата хип-хоп телевизиска емисија во Македонија наречена “Хипхоптеза”, под водителската палка на Митко Гаштаровски, која се емитуваше преку целата година на програмата на А1 телевизија. Во 1998 година, започнато е емитувањето на радио проектот “Хипхоптеза” на брановите на А1 радио, кој воедно е првата хип хоп емисија која го опфаќа целосниот македонски етер. Продуцентскиот тим на “САФ” исто така работи и на продукција на материјал за други групи од македонската хип-хоп сцена, со цел на подобрување на квалитетот на изданијата на сцената, што воедно е и напор за нејзино проширување. Медиумската застапеност на групата, покрај присутноста на нејзината музика на електронските медиуми, се реализира и преку интервјуа, меѓу кои се интервјуата дадени за Канал 103, Канал Херц, Втората Програма на Македонско Радио и весниците “Млад Борец”, “Студентски Збор” и “Град”. Исто така, снимен е и видео спот за песната “Сафари” кој претставува најголемо достигнување на домашната македонска музичка продукција. Воедно, групата е присутна и на глобалната мрежа Интернет, преку сопствена веб страница www.saf.com.mk. 
Групата “САФ”, преку целото време, работи на своите студиски остварувања, што резултира со материјал за нивниот првенец, целовечерен музички проект, насловен како “Сафизам”. 
Најпозната песна - Саф - Раце Горе




  • Легијата

Легијата е рап група создадена во 2000 година од повеке групи и соло артисти. Како нејзина предгрупа се смета Против Сите создадена во 1991. Многу е популарна кај младите и егзистира во сите аспекти на хип-хоп жанрот во Македонија. Има претрпено неколку небитни менувања на составот, а денес во Легијата спаѓаат :
  • Да Џака Накот
  • Таззак Акабатов
  • Тонио Сан
  • LD Pistolero
  • Брус
  • Страјк
  • Блажеј
  • Ронин
  • Dzole-Wu
  • DJ Славе
  • Kemp OD
Првиот официјален албум на Легијата е издаден во 2008 година, а албумот е наречен „Лош Ден за Империјата
Најпозната песна - Легијата - Фактор Л

  • СТР2 (или Стриктно Тврди Рими) е рап група составена од Струја и Блажеј. Тие се исто така членови на Легијата. СТР2 се појавија на рап сцената во 2001 година, и во тој период од нивното излегување работеа на нивниот албум Не Заборавај кој беше издаден во јули 2007 година.

Струја и Блажеј се имаат покажано во многу правци од хип хоп културата, посебно Струја како текстопицес, ди-џеј и цртач на графити. По излегувањето на албумот, тие беа многу брзо и добро прифатени од публиката. Имаат гостувано на албумите на Џака НакотИсток-Запад, потоа песни на компилацијата Шурикен итн. Како дел од Легијата, се појавуваат на албумот Лош ден за империјата. Песните се снимани во студиото на Таз, кај Аго, кај Марко – Зад Аголот и во поново време кај ди-џеј Гоце од Саф.
Најпозната песна - СТР2 - Кога Врне Истура

  • Единствена опција
Единствена Опција е рап група составена од двајца рап изведувачи Дејан Јанушев (Скит Скитара) и Марко Маринковиќ (Слаткаристика). Групата е активна од 2001 година и во седумгодишната работа, зад себе имаат оставено еден албум - Рап Тврдина, три видео спотови и многу бројни настапи во Македонија и околните држави.Нивни позначајни настапи биле како предгрупа на AfuRa (Македонија – 2006 год.) и настап на фестивалот Exit како најмлади изведувачи (Србија – 2006). Моментално работат на својот втор албум.
Најпозната песна - Единствена Опција - Полтрон

  • Зад Аголот
Зад Аголот е хип хоп групација составена од повеќе артисти и групи.
Составена е од : СВП, Римиски Масив, Контра Напад, Длабока Трага и Паки.
За аудио продукција се задолжени Марко од СВП, Ване од КН и Дарко од ДТ, додека видео продукцијата е обврска на Бранко од СВП или Покрај Бренсис Видео Продукција.
Најпозната песна - Зад Аголот - Нема Лимит

No comments:

Post a Comment